Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМигрантски брод се судри со траект – 13 загинати, уште толку исчезнати

Мигрантски брод се судри со траект – 13 загинати, уште толку исчезнати

Најмалку 13 мигранти загинале, меѓу кои и 4 деца, а други 13 се сметаат за исчезнати по судир на траект и чамец со мигранти што пловел кон Грција, јави турската агенција Доган. Несреќата се случила на море кај пристаништето Чанаккале, на северозападот на Турција.

Во гумениот чамец имало 46 мигранти, а крајбрежната стража спасила 20 мигранти. Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмус соопшти во петок дека од почетокот на годината во турски води загинале 274 мигранти, а повеќе од 53.200 биле спасени.