HomeДЕНЕШНАРепубликаМигрантите во Табановце нетрпеливи – на повидок нема решение

Мигрантите во Табановце нетрпеливи – на повидок нема решение

headlineimageadapt1460highmacedonia_border_0822151440280219574

Околу стотина мигранти има во кампот во селото Табановце, на македонско-српската граница. Од нив 22 уште од февруари, март побарале азил во Македонија. Останатите чекаат да се отвори можноста организирано да го продолжат патот, не се заинтересирани да останат во Македонија – објави Радио слободна Европа.

Деновите им се тешки и долги, а ноќите уште потешки и студени. Трпението им попушта сè повеќе, а за решение, односно заминување во подобар живот нема никакви најави. Тоа е сликата на сега веќе стотина мигранти, главно од Сирија, сместени во времениот бегалски камп во пограничното село Табановце на железничкиот премин, на македонско-српската граница.

Според Арбнор Тефику од Центарот за управување со кризи, со затворањето на рутата бројот на мигрантите е зголемен за 40, така што сега во кампот се стотина. Новина е што 22 од „заглавените“ уште од пред неколку месеци побарале азил во Македонија.

„Останатите чекаат да се отвори можноста организирано да го продолжат патот, не се заинтересирани да останат во Македонија. Моментално условите се добри, капацитетите се поголеми од бројката што ја има. Така, просторот овозможува стотина луѓе да можат комотно да престојуваат тука. Во контејнерите имаат клима и сè што им е неопходно. Храна добиваат три пати дневно регуларно, но доколку имаат потреба добиваат и дополнително“, вели Тефику.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com