Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМигрантите во очајни напори да ја пробијат македонската полиција

Мигрантите во очајни напори да ја пробијат македонската полиција

Вчера околу 1500 мигранти кои немаат право на влез и повеќе денови се заглавени меѓу Грција и Македонија се обидоа со очајнички обиди да ја пробијат македонската полиција која ја чува границата.

migranti granica2

Некои од нив клекнуваа на колена молејќи ги припадниците на безбедносните сили, а други пак се обидуваа да ја преминат оградата и да навлезат на македонска територија, пренесува Ројтерс.

migranti granica4

Мигрантите кои не доаѓаат од воените жаришта во последната недела не се пропуштаат и кај нив се зголемува револтот, па најгласната парола е „Пуштете не или убијте не“.

migranti granica3

Тензиите беа навистина големи и меѓу мигрантите малку фалеше да направат поголем инцидент со македонската полиција, особено во моменти кога се присутни светски медиуми кои за кратко ќе ја прошират веста насекаде.

migranti granica5

Денес тензиите на граница се смирени, но доколку ваквата состојба се пролонгира и илјадници мигранти останат заглавени постои можност за ескалација. Сепак, одлуката за непропуштање на економските мигранти останува на сила и нема реакција од ЕУ.