Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМигрантите со камења против полицијата, 18 повредени

Мигрантите со камења против полицијата, 18 повредени

Полицијата на Република Македонија подржана од армиските сили денес имаше вистински предизвик да ја смири состојбата на јужната граница со Грција по поставувањето на ограда и насилната реакција на мигрантите на кои не им се дозволува влез во државата.

Крајниот епилог е 18 повредени припадници на полицијата, од кои двајца се потешко повредени по каменувањето и имаат повреди на главата и потрес на мозокот, па веднаш се префрлени во општата болница во Гевгелија, соопштува МВР. Каменувани и оштетени се и возила на МВР и АРМ, а има оштетување и на опремата. Состојбата на котата 59 потоа е смирена, но тензии се очекуваат и во наредниот период.