Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМигрантите протестираа во Идомени – грчката полиција растеруваше со шок бомби

Мигрантите протестираа во Идомени – грчката полиција растеруваше со шок бомби

Грчката полиција фрли шок бомби врз околу 2.000 бегалци кои се собраа во селото Идомени недалеку од границата со Македонија. Во кусиот инцидент нема повредени, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во полицијата.

Протестите на грчко-македонската граница зачестија во изминатите неколку денови. Илјадници мигранти си ги ризикуваат животите и преку Средоземното Море доаѓаат во Грција надевајќи се дека преку балканската рута конечно ќе стигнат во богатите членки на Европската унија како што се Германија или Шведска.

Нашиот јужен сосед во изминатите месеци не се покажа како спремен да се справи со мигрантите на хуман начин. Во неколкуте протести кои избија на грчко тло, полицијата употребуваше голема доза на бруталност. Ќе остане запаметено и видеото од протестите во Кос, на кое јасно се гледа полицаец како се изживува со еден мигрант.