Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМигрантите на работ – Си ги шијат устите во знак на револт

Мигрантите на работ – Си ги шијат устите во знак на револт

Мигрантите кои потекнуваат од земји во кои нема воени конлфикти и повеќе дена се заглавени за влез во Македонија се крајно револтирани и почнаат сами да си ги шишај устите со игла и конец за да укажат на неправедната селекција, пренесува Канал 5. Мигрантите кои побегнале од Пакистан, Иран, како и од афричките земји се на работ и не можат повеќе да чекаат транзит низ Македонија, а порачуваат дека немаат никаква намера да се вратат дома каде ги чека сиромаштија или пак закана од терористички напади.

migranti-siene2

Од повеќе здруженија за правата на бегалците велат дека ваквата одлука за блокирање на економските азиланти е дискриминаторска и на секоја индивудуа треба одвоено да и се разгледа случајот дали заслужува или не азил, тако што националноста не треба да биде главен фактор иако во нивните земји не потекло нема активна војна.

migranti-siene3

Како што ќе се зголемува притисокот од јужната граница, а ќе се влошуваат и временските услови постои закана од бунт и ескалација на тензиите, па затоа се надеваме дека ќе се најде решение кое мора да биде подржано од Европската унија, како финансиски така и политичка.