Monday, Jun 26, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаМигрантите кампуваат на диво пред границите

Мигрантите кампуваат на диво пред границите

Поголеми групи на мигранти кои влегуваат од јужната граница со Грција привремено престојуваат во диви кампови се додека не ја напуштат државата и не го продолжат патувањето кон север. Дел од нив поднесуваат барања за азил и екипите на МВР го следат нивното движење, а утрово северната граница од српска страна била привремено затворена се додека не се расчистела гужвата и не се обезбедел простор во прифатниот центар во Прешево. Најмногу гужва со присуство на мигранти се забележува во близина на Гевгелија.