Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМигрантите ја преплавија Гевгелија – Транзит на илјадници

Мигрантите ја преплавија Гевгелија – Транзит на илјадници

Состојбата на јужната граница се уште е тензична откако беа распоредени сили на македонската полиција и армија за контролиран влез на мигрантите во државата, кои притоа се евидентираат и им се издаваат документи за азил.

migranti gevgelija2

Бидејќи станува збор за навистина огромна бројка од илјадници мигранти пропуштањето оди полека, со предност на жените, децата и тие што се изнемоштени и во тешка состојба.

migranti gevegelija6

Екипи на Црвениот крст, УНХЦР и повеќе хуманитарни здруженија се на терен обидувајќи се да им помогнат на мигрантите со доделување на вода, малку храна и ако е потребно медицинска интервенција. Состојбата ја следат и повеќе странски медиуми кои известуваат за влезот и транзитот на мигрантите.

migranti gevegelija4

Мигранти доаѓаат претежно од Блискиот исток, бегалци од воените жаришта во Сирија, Ирак и Авганистан, но јужно од границата преминуваат и повеќе лица од Африканските земји.

migranti gevegelija11

За транспортот до северната граница се ангажирани повеќе посебни линии на македонски железници, а има и информации дека цените на билетите се покачени поради зголемените трошоци во изминатиот период, што наиде и на негативни коментари. Активирани се и автобуски линии од приватните превозници, а се гледаат и ценкања со таксистите.

 

migranti gevegelija7

Локалните власти по средбите со претставници на УНХЦР најавија дека се работи на отворање на прифатен центар каде мигрантите побрзо ќе може да ги добијат потребните документи за азил и да го продолжат патот на север.