HomeДЕНЕШНАПолитикаМигрантите и покрај сите пречки решително ќе одат кон ЕУ

Мигрантите и покрај сите пречки решително ќе одат кон ЕУ

Без оглед што Европската Унија постигна договор со Турција за контрола на приливот на бегалци од воените зони на Блискиот исток, мигрантите и понатаму се цврсто решени по секоја цена да стигнат до Европа. Затворањето на „Балканската рута“ ништо не им значи на десетина илјади мигранти кои технички се уште се заглавени на територија на ЕУ во Грција, а дел од нив чекаат и транзит на Табановце.

Договорот меѓу ЕУ и Турција токму затоа доби огромни критики од голем број на хуманитарни организации кои го осудија попречувањето на транзитот на бегалците и се построгиот третман. Затворањето на границите за голем број на мигранти ќе значи и зголемен ризик од враќање на шверцот на луѓе и нелегалните активности.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com