Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМигрантите дојдоа до Унгарија пред да биде дигната ограда

Мигрантите дојдоа до Унгарија пред да биде дигната ограда

Мигрантите кои транзитираа низ Македонија и Србија пристигнаа на унгарската граница каде се уште не е подигната оградата наменета токму за неконтролиран влез. Мигранстскиот бран кој во изминатата недела ја зафати Македонија и предизвика повеќе контроверзии сега е на територија на ЕУ. Според извештаите на медиумите околу 1000 од 8000 мигранти навлегле на унгарска територија во придружба на полицијата и се испратени во прифатните центри.