HomeДЕНЕШНАСветМигрант загинал во обид да влезе во Евротунелот под Ла Манш

Мигрант загинал во обид да влезе во Евротунелот под Ла Манш

Тело на мигрант од Судан е пронајдено кај Евротунелот под Ла Манш. Француската полиција денеска соопшти дека мигрантот починал од удар од камион додека се обидувал да влезе во Евротунелот. Мигрантот бил на возраст од околу 30 години, а заедно со околу 1500 други мигранти се обидувал да стигне до Велика Британија.

Повеќе од 200 француски полицајци се распоредени за да спречат обиди за илегално влегување во тунелот. Претходната ноќ повеќе од 2000 мигранти се обиделе да влезат во тунелот кој ги поврзува Франција и Британија. Од почетокот на јуни девет мигранати загинале во обид да стигнат до Велика Британија преку Евротунелот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com