Friday, Apr 28, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионМигрант загина на српската железница

Мигрант загина на српската железница

voz

Мигрант кој се качил на вагон на железничката станица во Суботица, денес околу 12 часот и 30 минути загина од струен удар. За сега не е познато поради што мигрантот, чиј идентитет сеуште се утврдува, се качил на вагонот.

Полицијата врши увид на местото на настанот. Контактната електрична мрежа е исклучена поради што моментално е во прекин железничкиот сообраќај во Србија. Екипите на Железници Србија, полицијата и Брзата помош се обидуваат телото на настраданиот да го тргнат од вагонот.