Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМигрант прободе полицаец во Гевгелија

Мигрант прободе полицаец во Гевгелија

Припадник на специјалните полициски сили распореден за обезбедување на Железничката станица во Гевгелија, синоќа околу 23 часот бил прободен од засега неидентификувано лице – мигрант на поминување низ Гевгелија. Настанот се случил во близина на Бензинската на Макпетрол која се наоѓа под надвозникот на влезот во Гевгелија на стотина метри од зградата на железничката станица.

Очевидци на случката раскажале за Гевгелија нет дека екипа на специјалните полициски сили заобиколила група од десетина мигранти со цел да се идентификува сторителот, а несреќно прободениот полицаец се уште лежел на стомак на асфалтот со грчевити тресења на екстремитетите. Веднаш пристигнала и екипа на брза помош од гевгелиската Општа болница.

Припадници на македонската специјална полиција употребилe солзавец за да ги потиснaт мигрантите кои се обиделе да влезат од граничната зона во Македонија, јави новинската агенција Ројтерс.
извор:ГевгелијаНет