Monday, Mar 27, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМигел Херера доби отказ, удрил коментатор на „ТВ Ацтека“

Мигел Херера доби отказ, удрил коментатор на „ТВ Ацтека“

Селекторот на репрезентацијата на Мексико „беше награден“ со отказ само два дена по освојувањето на Голд Купот.

На аеродромот во Филаделфија се случил инцидент во кој Херера го удрил коментаторот на „ТВ Ацтека“, Кристијан Мартиноли, поради незадоволство од критиките упатени кон него за време на одржувањето на Голд Купот.

Изјавата на Мартиноли е дека темпераментен 47-годишен селектор го удрил во пределот на вратот и го повикувал на физичка пресметка надвор од аеродромот.