Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаMicrosoft отпиша 7.5 милијарди долари – Рекордна загуба досега

Microsoft отпиша 7.5 милијарди долари – Рекордна загуба досега

Microsoft со слабите резултати во продажбата на мобилни телефони беше принуден да впише 7.5 милијарди долари загуба што е еднакво на сумата која беше вложена во откупувањето на мобилната дивизија на Nokia, a најавени се 7800 отпуштања.

Lumia-540-1

Овој потег доведе до целосно анулирање на кварталниот профит на Microsoft што е рекордна сума во нивното постоење. Во секој случа погрешната или подобро кажано неисплатливата инвестиција во мобилниот сектор нема да се одрази на кешот на компанијата која располага со доволна количина на пари и може непречено да го продолжи работењето.

Microsoft се уште има одлични перформанси во пласманот на Office пакетот на апликации, бележи раст во продажбата на Xbox One гејминг конзолата и Surface таблетите, а очекува и голем профит од најавениот оперативен систем Windows 10, но очигледно ќе треба многу повеќе да се потруди во мобилниот сектор и да лансира нови квалитетни смартфони кои ќе бидат последна шанса за брендот Lumia и Windows Phone.

Извор: telefoni.mk