Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонMicrosoft ја погоди метата на Android со Arrow Launcher

Microsoft ја погоди метата на Android со Arrow Launcher

Microsoft го промовираше новиот Arrow Launcher за Android со кој може да организирате почетното мени на многу поефикасен начин, со приказ на горни икони за последно користените апликации, три реда на икони за омилените апликации и долен ред на икони каде може да внесете апликации за брз пристап.

Arrow Launcher нуди и два типа на навигација, со лизгање од лево се активира менито за потсетник и забележани задачи кои откако ќе ги завршите може да ги штиклирате, а десно се наоѓаат најчесто бараните контакти од именикот или мејл сервисот.

Arrow Launcher е во бета фаза и може да се регистрирате преку нивната страна на Google+ или пак да ја инсталирате апликацијата преку надворешен apk фајл, доколку не ви се чека официјалната верзија која наскоро ќе пристигне во Play Store.

Извор: telefoni.mk