HomeДЕНЕШНАПолитикаМијалков: СЈО е продолжена рака на СДСМ, ќе докажам дека сум во право

Мијалков: СЈО е продолжена рака на СДСМ, ќе докажам дека сум во право

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК се огласи за последното обвинение „Трезор“ кое го покрена СЈО, во кое се сомничи дека го оштетил државниот буџет за 800 илјади евра при набавка на опрема за прислушкување од Велика Британија заедно со уште три лица од безбедносните служби.

– Toa што го направи СЈО со последниот случај е истото што го говориме подолг период наназад. СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ и има единствена цел неосновано да дискредитира луѓе од раководството на ВМРО ДПМНЕ кои Заев ги гледа како конкуренција на која што не може да и парира изјави Мијалков за Press24.

Мијалков вели дека сите наводи на СЈО се целосно измислени “Под сета морална и материјална одговорност тврдам дека изречените наводи на прес конференцијата на СЈО се целосно измислени и неточни. Ниту сум направил некаква штета на буџетот, ниту сум остварил каква било материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка.” – вели Мијалков за Press24.

СЈО од судот побара на Мијалков да му се одземе пасошот под сомнеж дека може да избега од државата и да влијае врз постапката.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com