HomeДЕНЕШНАПолитикаМијалков си го задржа пасошот, судот го одби барањето на СЈО

Мијалков си го задржа пасошот, судот го одби барањето на СЈО

saso-mijalkov-3

Основниот суд Скопје 1 ги одби барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерки за претпазливост за осомничените во предметот „Трезор“. Тоа значи дека судот не му го одзема пасошот на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков кој завчера се појави во суд, а вчера во СЈО.

Во судското соопштение е наведено дека судијата на претходна постапка ги оценил како неосновани барањата за одземање на патни исправи на тројца осомничени. Одлуката е донесена откако тројцата осомничени заедно со нивниот бранител и претставник на СЈО вчера во судот се произнеле во однос на предметот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com