HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиМИА 18 години информира

МИА 18 години информира

Македонската информативна агенција одбележува 18 години медиумско работење. Првата објавена вест „Едно лице почина, 17 се повредени во земјотресот во Србија“ ја емитуваше во 1998 година, со што почна редовната продукција на информации до корисниците.

МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година. Ангажира педесеттина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство.

МИА има дневна продукција од 300 до 350 вести и други прес информации на македонски, англиски и на албански јазик и развиена дописничка мрежаво земјава и во светот.

МИА произведува и специјални тематски потсервиси и дневни и неделни билтени. МИА, исто така, продуцира Фото-сервис и Фоно-сервис што се достапни преку веб-страницата на Агенцијата – www.mia.mk

Корисници на МИА се електронските и печатените медиуми во земјава, македонските амбасади во странство, странски дипломатски и други претставништва и мисии во Македонија, како и медиуми на наши иселеници во странство.

МИА е членка и на Светскиот конгрес на новински агенции – NAWC, на ABNA – Асоцијацијата на новинските агенции на земјите од Југоисточна Европа и на Црноморската асоцијација на национални новински агенции BSANNA.

МИА, исто така, е и дел на информативните пулови на: АГЕРПРЕС (Романија), БТА (Бугарија), АТА (Албанија), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ФЕНА и СРНА (БиХ), СТА (Словенија), ХИНА (Хрватска), АНА (Грција), АНАДОЛИЈА (Турција), АПА (Австрија), ЕФЕ (Шпанија), УКРИНФОРМ (Украина)…

МИА соработува и со големите новински агенции – Европската пресфото агенција ЕПА, кинеската ХСИНХУА, иранската ИРНА, британскиот јавен сервис Би-Би-Си, германската ДПА, руската ТАСС, корејската ЈОНХАП, а сервисите на МИА ги користат и светските информативни сервиси Дојче веле, Слободна Европа, Гласот на Америка…

Во текот на изминатите 18 години, МИА како најпедантен хроничар на македонските, регионалните и светските случувања и собитија формира обемна сопствена база на податоци, информации, фоно и фото записи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com