Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамMG повторно на европскиот пазар во 2019 година

MG повторно на европскиот пазар во 2019 година

Некогашната спортска икона од островот денес продава секојдневни автомобили со висока противвредност. На кинеските сопственици им е важно MG да стекне поголема популарност во Европа, како основа марката да го привлече и вниманието на купувачите во Кина. Моделите и не се толку неинтересни.

По дванаесетгодишно отсуство, традиционалната британска марка во сопственост на кинескиот SAIC, се враќа на европскиот пазар. MG веќе шест години се продава во островската држава под капа на Кинезите, но пазарот не ги прифати толку одушевено новите модели, коишто се сосема различни од автомобилските икони што го изградија името на марката. Слабата продажба во Велика Британија го одложи и планираниот старт на „новиот“ MG на поширокиот европски пазар.

На тековниот салон во Шангај е објавено дека MG од крајот на 2019 година повторно ќе биде достапен за купувачите во поголемите автомобилски пазари во Европа. Моделската понуда ќе се состои главно од лесни теренци и комбилимузини во градската и компакт класата.