Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмМетју Меконахи сака да се врати на True Detective

Метју Меконахи сака да се врати на True Detective

Метју Меконахи кој направи пресврт во својата кариера со улогата на дективот Раст Кол посакува повторно да се врати на серијата True Detective, но само доколку авторот Ник Пицолато кој беше и главен сценарист се реши да создаде нова сезона.

За жал фановите не беа задоволни со продолжението со Колин Фарел, Винс Вон, Рејчел Мек Адамс и Тејлор Кирш бидејќи серијата беше направена за краток период под голем притисок на HBO за брзо враќање на екраните и резултатот не беше импресивен што ги одложи плановите за нов серијал.

Фановите секако, со задоволство би го поддржале враќањето на Маконахи како детективот Кол како еден од најфасцинантните ТВ ликови во последната декада.