Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Времето денеска облачно и врнежливо

МЕТЕО: Времето денеска облачно и врнежливо

Доста врнежи и денес. Најретка ќе биде нивната појава во текот на утринските часови, но веќе претпладне таа слика ќе почне да се менува. Западниот регион ќе биде првиот „на удар“ на новиот бран врнежи, а потоа истиот ќе се шири во останатиот дел од земјата. Но, и понатаму позначителните врнежи ќе бидат во западниот регион.
Кон крајот на денот врнежите ќе се локализираат на југозападниот регион.Минималната температура ќе има вредности во „позитива“, од 3°С до 6°С. Највисоката дневна температура ќе има вредности помеѓу 13°С и 15°С во повардарскиот и североисточниот крај, односно околу 16°С на југоисток. Западнот крај ќе биде „посвеж„, помеѓу 9°С до 12°С.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремен дожд попалдне. Наутро се очекува минимална температура околу 3°С, а максимална околу 12°С.
Иако врнежливо и не многу погодно за шетање, Позитив.мк на сите читатели им поскаува убав ден 🙂

Извор: МетеоПро.мк