Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Времето денеска ведро и сончево

МЕТЕО: Времето денеска ведро и сончево

Веемето денеска ќе го започнеме со ведро и прилично студено утро. Температурата низ котлините во северниот и западниот регион ќе има вредности само 2°С до 3°С над нулата. Постепено околу пладне се очекува наоблачување.

Навечер, пред се во западниот регион, облачноста ќе биде позначајна, но без шанса за врнежи.
Југозападниот крај ќе биде малку поветровит во текот на денот. Дневниот максимум на температурата ќе има вредност помеѓу 20°С и 22°С во западниот и северниот регион, а на југоисток околу 24°С.

Во Скопје се очекува сончево и свежо време наутро. Доцна попладне очекуваме постепено наоблачување. Минимална температура ќе има вредност околу 3°С, а преку ден умерено топло со максимална температура околу 22°С.

Извор: Метеопро.мк