Sunday, Apr 30, 2017
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Времето денеска променливо – се очекуваат подолги сончеви периоди

МЕТЕО: Времето денеска променливо – се очекуваат подолги сончеви периоди

meteo leto 2

Времето денеска ќе родолжи со трендот на брзи промени во метео состојбите, но овој пат во насока на подобрување на времето. Очекуваме подолги сончеви периоди. Облачноста наутро ќе биде позначителна само во близина на планините, но во секој случај без никакви изгледи за врнежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер долж повардарието.

Утрово ќе имаме температура која ќе биде позитивна низ котлините и низините, а на повисоките места таа ќе има вредности околу -1°С. Максималната температура ќе има вредности помеѓу 13°С и 16°С во котлините на запад и север, и околу 18°С на југоисток.

Во Скопје се очекува променливо време со подолги сончеви периоди, особено околу пладне. Попладне ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната темпераутра ќе има вредности околу 15°С.

Читајте позитив.мк и имајте убав ден 🙂

Извор: МетеоПро