Friday, Jun 23, 2017
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Времето денеска облачно со дожд и ветер

МЕТЕО: Времето денеска облачно со дожд и ветер

pozitiv meteo dozd

Денес ќе биде претежно облачно, врнежливо и ветровито време. Врнежите ќе започнат доцна претпадне во крајните делови од западниот крај, а ќе се шират на исток во текот на доцните попладневни часови. Во западниот регион врнежите ќе се интензивираат доцна попладне, додека истовремено во источниот крај интензитетот на врнежите ќе биде претежно слаб. Постои можност само во осоговскиот крај дождот повремено да „добие на интензитет“.

На планините ќе врне снег, но на висина над 1800 метри во текот на денот, додека оваа висинска граница во текот на ножта ќе се спушти до околу 1200 метри. Ќе дува засилен до силен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне вредности од 12°С до 14°С низ поголемите населени места во западната и северната половина од земјата, додека на југоисток максималната ќе има вредноати околу 15°С.

Во Скопје се очекува облачно и ветровито време. Почеток на врнежите се очекува попладне, но истите нема да имаат особен интензитет. Навечер се очекува да „забелат“ врвовите на Скопска Црна Гора. Утрово се очекува минимална температура околу 2°С, а максимална околу 15°С.
Иако времето ќе биде повеќе облачно и врнежливо, Позитив.мк Ви посакува убав ден 🙂

Извор: МетеоПро.мк