Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Времето денес ветровито, освешување во текот на целиот ден

МЕТЕО: Времето денес ветровито, освешување во текот на целиот ден

Времето денеска ќе почне да дува уште во раните часови со умерен до засилен северозападен ветер и истиот ќе трае во поголем дел од денот. Поветровито ќе биде во повардарскиот регион. Наутро ќе биде нешто пооблачно во севената половина од земјата, со минимална шанса за сосема слаб дожд. Претпладне во овој крај облачноста ќе биде умерена, но со тренд на намалување.

Јужниот регион ќе биде претежно сончев во поголем дел од денот. Температурата ќе има највсока вредност помеѓу 17°С и 20°С во западниот и северниот регион, а на југоисток околу 21°С.

Во Скопје се очекува ветровито време. Наутро умерено облачно, а попладне претежно ведро. Температурата нема да надмине 18°С.