Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Влажен воздушен бран кој ќе предизвика врнежи од снег и дожд!

МЕТЕО: Влажен воздушен бран кој ќе предизвика врнежи од снег и дожд!

Од денеска Македонија е под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од снег.

Во јужните делови врнежите наместа ќе бидат од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег.

Обилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови на земјава, каде ќе се формира или ќе се зголеми за околу 25 сантиметри нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од минус два до четири степени.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до три степени.

Во следните денови Управата за хидрометеролошки работи најавува променливо облачно време со повремени врнежи од врнежи од дожд со променлив интензитет. Повремено интензитетот на врнежите ќе биде обилен. На некои повисоки места и на планините ќе има врнежи од снег.
Стабилизирање на времето се очекува од петок.