Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Ведро и студено утро, а потоа облачност и услови за врнежи!

МЕТЕО: Ведро и студено утро, а потоа облачност и услови за врнежи!

Како во изминативе два дена, така и денеска денот ни започна со ведро небо над поголемиот дел од државата. Ниската облачност е присутна локално во котилините од јужниот дел на Македонија.

Во денот кој ни претстои ведрото небо ќе биде присутно насекаде, додека во текот на приквечерината очекуваме продор на облачност од север кон југ. Оваа облачност се очекува да донесе услови за сосема кратки локални врнежи од дожд и снег на пониските места и снег на повисоките. Врнежите од снег својот најсилен пик ќе го имаат во планинските делови на Западна Македонија, но повторно зборуваме за краткотрајни снежни врнежи кои не се очекува да предизвикаат поголеми проблеми.

Утрово е студено, температурата на повисоките места се движи од -11°С до -14°С под нулата, односно околу -9°С минимална низ котлините. Температурата во поголем дел од денот ќе има вредности во дијапазонот од -0°С до 3°С, а на југоисток околу 4°С.

Во македонската метропола повторно имаме претежно сончево време. И ова утро е студено со измерена минимална околу -11°С на „Зајчев Рид“ одосно -10 степени под нулата на патарината „Петровец“. Во текот на денот ќе имаме „скромни“ 3°С максимален достиг на температурата.

Веќе на последниот работен ден од неделава во попладнето се очекува повторно да се разведри. Во петок минималната температура ќе има вредности во дијапазонот од -8°С до -3°С, додека денот ќе биде постуден за околу 3°С во однос на четврток.

Тимот на „Метео“ ви посакува мирен и успешен ден, со многу позитивно расположение. 🙂
Читајте „Позитив“ и имајте убав ден!