Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Уште еден сончев ден пред ново дестабилизирање

Метео: Уште еден сончев ден пред ново дестабилизирање

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот и во вечерните часови во северните делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22, а максималната од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје не очекува слично време, попладне со мала до умерена облачност, а во вечерните часови ќе има услови за локален дожд и грмежи. Денес ќе биде доста топло, но веќе од вторник се предвидува нова дестабилизација со летни врнежи и грмотевици.