Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Убаво време не очекува денес, без дождови и доста топло

МЕТЕО: Убаво време не очекува денес, без дождови и доста топло

Времето денеска по ништо нема да потсетува на февруарски ден. Температурата, гледано и по минималната, но и по максималната очекуван вредност, повеќе ќе наликува на крај на март. Утрото ќе биде топло, а минималната вредност на температурата ќе биде помеѓу 6°С и 10°С на пониските места. Максималната долж повардарие и низ котлините ќе има вредност од 18°С до 23°С, со тоа што повисоките вредности од овој дијапазон се очекуваат на југот на повардарието. Ќе биде облачно наутро, со услови за слаб дожд во крајниот западен крај. Потоа облачноста насекаде ќе се намалува, а подолги сончеви периоди се очекуваат навечер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во Скопје облачно утро и умерено облачно попладне. Температура наутро околу 8°С, а во текот на денот околу 20°С. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Позитив.мк Ви посакува убав ден 🙂

Извор: МетеоПро.мк