Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Топло и облачно време не очекува денес

МЕТЕО: Топло и облачно време не очекува денес

Денеска времето ќе биде исто топло како вчера.Се очекува умрена облачност, но станува збор за висока облачност, која ќе пропшта голем дел од сончевото зрачење. Ќе дува умерен југоисточен ветер, особено долж повардарието. Наутро ќе биде топло, со минимална температура помеѓу 7°С и 11°С. Максималната температура долж повардарие и низ котлините ќе има вредност од 18°С до 22°С, а на повисоките места околу 17°С.

Во Скопје се очекува умерена облачност со долги сончеви периоди. Температура наутро околу 8°С, а во текот на денот околу 20°С. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Убав и топол ден не очекува денес, поминете си го најубаво, читајте Позитив.мк 🙂

Извор: МетеоПро.мк