Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Температури нешто под нулата, маглата останува!

МЕТЕО: Температури нешто под нулата, маглата останува!

Ниту денеска нема да има поголеми временски промени. Утрово е студено со слаба магла и ниска облачност низ котлините
Маглата останува во најголем дел од денот, додека истовремено повисоките места ќе уживаат во сончево и ведро време.

Минималната температура во најголем дел од котлините има вредност околу -3°С, а на повисоките места околу -6°С. Повторно беровската околина е најстудена.

Максималната температура ќе достигне вредности околу 9°С низ котлините и околу 13°С во југоисточниот крај, а топло, околу 11°С ќе биде и на повисоките места.
Во Скопје утрово – слаба магла, а сончево со мала облачност попладне. Очекуваме минимални -6°С, и максимални 7°С.