Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Студено време со температури под нулата!

МЕТЕО: Студено време со температури под нулата!

Оваа работна недела започна со навистина ниски температури низ целата држава. Во сличен стил се очекуа да продолжи трендот на температурите и следните денови. По вчерашното разведрување на времето, пред нас е прилично студено време.
Утрово имаме многу ладно време со теператури помеѓу -8 и -14 степени, а на повисоките места и до -18°С.

Денот пред нас ќе биде претежно ведар, максималната температура насекаде низ државата нема да влезе во позитивата на мерната скала. Низ котлините ќе има вредности претежно во дијапазонот од -4°С и -1°С.

Во текот на вечерта се очекува наоблачување, кое ќе се задржи се до среда претпладне. Токму ова наоблачување ќе допринесе утрото во среда да биде „поблаго“ студено во однос на вторник. Минималната ќе биде повисока за околу 3°С за разлика од вторник.

Во главниот град имаме минимална облачност со услови за целосно расчистување на истата од пладне кон вечерта. Минималната температура ќе се спушти до -9°С, а дневната ќе достигне максимум до -3°С.

Облечете се` потопло и имајте успешен ден!