Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Студено утрово, преку денот сончеви периоди и потопло време!

МЕТЕО: Студено утрово, преку денот сончеви периоди и потопло време!

Денешниов ден ни донесува претежно сончево време кој започна со релативно студено утро. Температурата уторво вредности во границите помеѓу -6°С и -3°С низ котлините и околу -7°С на повисоките места.

Највисоката вредност на температурата во текот на денот низ котлините од северниот и западниот регион ќе има вредности во границите од 7°С до 10°С, додека во југоисточниот крај од 11°С до 15°С.

Скопје очекува претежно сончев ден. Утрово температурата се движеше околу -5°С, а преку ден максимумот на температурата нема да надмине 10°С.

САБОТА:
Претежно облачно време. Поголема облачност, со можност за сосема слаби врнежи се очекува попладне во северен дел на западна трансверзала и масивот околу Солунска Глава. Можна е намалена видливост на висина над 1800 метри. Источен регион претежно облачен без шанса за врнежи.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 1700метри.
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Околу 1°С.
Ветер на 1500м: Слаб до умерен север и североисток.

НЕДЕЛА:
Сончево време. Мала облачност е можна само наутро.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 1900 метри.
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:
Околу 2°С.
Ветер на 1500м: Слаб југоисток.