Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМЕТЕО: Студен ден со многу силен ветар

МЕТЕО: Студен ден со многу силен ветар

По спуштањето на температурите денес имаме временски прилики во кои доминира силниот ветар од северозападен правец кој ќе се задржи во текот на денот, а најсилно ќе дува со 80 км/ч. Утринските температури на ниво на република ќе се движат од -4 до 3 степени, а во текот на денот исто така ќе биде студено и облачно со температури од 1 до 5 степени. Во Скопје ќе бидат забележани максимални 4 степени, исто така со многу силен ветар наутро и мала стабилизација попладне.