Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Статус „кво“ состојба, промени кон крај на викендот!

МЕТЕО: Статус „кво“ состојба, промени кон крај на викендот!

Статус кво во временската ситуација над Македонија. Слично како во изминатите два дена и денешниот прв ден од викендот времето ќе биде во голем дел ведро и студно. Најавуваната облачност може да ја очекуваме дури во текот на вечерните часови, но во западниот регион, додека остатокот од државата останува со „чисто“ небо.

Утрово веќе видено, односно се карактеризира со навистина студено време. Сабота ја започнавме со минимална температура од -18°С степени на планинските места, а од -10°С до -14°С низ градовите и селата во македонските котлини…

Денот кој започна, слично како утрово ќе биде студен, односно максимална температура ќе имаме во дијапазонот од 3°С до 0°С степени, додека на југоисток „скромен“ 1 степен.

Главниот Град има и ќе има претежно сончево и ведро небо низ целиот ден, што е одлична можност за прошетка или снежно искачување на Водно. Минималната температура измерена во 7 часот ни говори за -13 степени на Зајчев Рид, односно -12°С на патарина Петровец. Во текот на денот ќе мора да се „соочиме“ со максимален -1°С степен.

Втората половина од викеднот се очекува да биде претежно облачен. Оваа облачност донесува навистина минимални шанси за провејување слаб снег, исклучиво на планините, додека котлините остануваат без никакви врнежи.
Во однос на температурата, се очекува пораст за околу 2°С во однос на сабота, како на минималната, така и на максималната температура.

Метео тимот Ви посакува пријатен одмор и позитивен прв ден од викендот! 🙂
Читајте Позитив.мк…