Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Статус „кво“ ситуација, магливо наутро – топло преку ден. Какво време не очекува?

МЕТЕО: Статус „кво“ ситуација, магливо наутро – топло преку ден. Какво време не очекува?

Времетоденеска во Македонија ќе биде претежно сончево со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од девет до 17 степени.

Во Скопје  ќе биде сончево со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.  Температурата ќе достигне до 11 степени.

Во наредниот период ќе се задржи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради слабо изразените воздушни струења по котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните часови, а во овие места се очекува и температурите да бидат најниски.