Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Следува заладување, ветер, дожд и снег!

МЕТЕО: Следува заладување, ветер, дожд и снег!

Денешниот ден воопшто нема да наликува во однос на температурите на вчерашниот, но и понатаму во однос на месечната вредност на температурата ќе ќе биде натпросечно топол јануарски ден.

Максималната температура ќе се движи во границите од 7°С до 10°С низ котлините, додека на повисоките места таа нема да надмине 4°С.

Утрово забележуваме пооблачно време во северните и западните делови од земјата. Оваа облачност ќе услови повремен дожд, пред се во споменатите региони. Околу пладне и попладне врнежите ќе бидат позастапени во југозападниот крај.

На повисоките места врнежите ќе бидат од дожд мешан со снег, а на планините само од снег.
Навечер се очекува нагло намалување на облачноста.

Во Скопје имаме утро со пооблачно време и врнежи од дожд. Доцна попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура нема да надмине 8°С.

Силен ветер и облачно време се најавува и за утре. Од управата најавуваат засилен ветер на повисоките места, најсилен ветер се очекува во западните планински делови каде на моменти ќе достигнува брзина од околу 90 километри на час.

Метеоролозите за од петок најавуваат нови врнежи од снег кои што ќе продолжат и во текот на викендот.

mesecna prognoza!„Метео“ тимот Ви посакува успешен ден!