Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Следува пад на температурите и снежен викенд, еве што не` очекува!

МЕТЕО: Следува пад на температурите и снежен викенд, еве што не` очекува!

Топлиот период оваа зима завржува во првата половина од денешната сабота, со температурата генерално во вредности околу 5°С. Во текот на денот се очекува константен пад натемпературата, но истата нема да „падне“ под -4°С во текот на ноќта кон недела.
Се очекува облачно време. Оваа облачност ќе донесе врнежи од дожд наутро низ котлините, лапавица на повисоките места, а снег се очекува на планините.

Но, таа состојба ќе се менува. Околу пладне, како последица на студениот восдух кој ќе прогресира од север кон југ, врнежите постепено ќе преминуваат во снежни. Снежната граница попладне ќе се спушти до ниво на котлинита, па веќе навечер и во текот на ноќта евидентна ќе биде снежна по кривка во најголем дел од земјава.

Во Скопје се очекува облачно време со повремен слаб дожд претпладне. Околу пладне врнежите ќе добиваат на интензитет, но ќе преминат во снежни врнежи. Температурата ќе има вредност околу 4°С наутро, а потоа следува постепен пад на истата. Се очекува формирање на снежна покривка во текот на доцна попладневните часови. Снег ќе врне и во текот на вечерта.

Викендот пред нас планирајте го за активности на снег. Но повеќе низ пониските места, бидејќи времето на планините нема да биде сосема наклонето за оние кои одат таму да „уживаат“.

Но веќе од денеска доцна претпладне во северните делови од земјата врнежите ќе преминат во снежни, а попладне тоа ќе се случи низ целата земја. Снегот ќе биде локално поинтензивен попладне, затоа внимавајте доколку планрате патување.

Снежната покривка на планините во северниот и јужниот регион би требало да се зголеми за околу 60 сантиметри со нов снег, но заради ветерот очекувани се и поголеми сненжни наноси, особено околу Кожуф.

На пониските места се очекува покривка околу 15 – 20  сантиметри.

В недела сеуште ќе биде облачно, претпладне со слаб до умерен снег, додека попладне врнежите ќе бидат значително ослабнати, а делумно и престанати.

Недела постудена. Дневниот максимум нема да надмине 0°С во северните и западните делови, а само малку над 0°С, околу 1°С, се очекува на југоисток.

Што и да имате испланирано за викендов остварете го во добро здравје и расположение, а доколку тргнувате на пат ставете зимски гуми и задолжително понесете ланци за снег. Направете го тоа за вашето семејство и вашиот буџет.
Тимот на Метео ви посакува убав ден и пријатен викенд!