Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМЕТЕО: Силно сонце во февруари

МЕТЕО: Силно сонце во февруари

Високите температури на кои полека се навикнуваме во месец февруари денес повторно ќе се вратат и ќе имаме прилично топол ден со максимални 20 степени на републичко ниво. Утрото ќе започне нешто посвежо со температури кои ќе се движат од 6 до 10 степени, за веќе на пладне силно да загрее сонцето. Мало заоблачување ќе има поручек накај 4 часот попладне кога се очекува и мал пад на температурите, но најверојатно врнежите ќе ги избегнеме.