Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Што не очекува денес?

МЕТЕО: Што не очекува денес?

Утрово во дел од котлините имаме слаба и релативно кртакотрајна магла. Претпладне состојбата значително ќе се подобри, за веќе од пладне да имаме ведро време низ целата земја.

Денов ќе биде за нијанса потопол во однос на сабота, па кoтлините ќе очекуваат максимална температура со вредност околу 11°С, на повисоките места се очекуваат околу 12°С, додека во гевгелискиот крај температурата ќе достигне околу 16°С.

Скопје очекува слаба магла рано наутро, а претпладне се очекува разведрување. Околу пладне и попладне ќе биде ведро. Минималната температура која ја очекуваме ќе има вредност околу -3°С, додека максималната околу 11°С.