Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Маглив почеток на работната седмица!

МЕТЕО: Маглив почеток на работната седмица!

Без промени, ваква најава пристигна од УХМР на прашањето за временската ситуација на почетокот од работнава недела. Сончево ќе биде во текот на целиот ден на повисоките места и во охридско – ресенскиот и поширокиот гевгелиски регион.

Низ котлините утрово имаме умерена до густа магла. Расчистување на слабата магла низ котлините е очекувано во вечерните часови..

Вечерва повторно ќе има услови за слаба до умерена магла.
Ова утро минималната температура има вредност околу -2°С низ котлините.

Највисоката вредност на температурата на повиските места ќе има вредност околу 11°С.
Најтопло ќе биде во гевгелиско – дојранското подрачје, до 15°С.
Котлините генерално ќе имаат температура во дијапазонот од 10°С до 12°С.

Скопје има утро со слаба магла, а подоцна во денот ќе биде нешто посончево, за навечер повторно да има услови за слаба магла. Минималната температура има вредност околу -2°С, додека максималната околу 10°С.