Thursday, Oct 19, 2017
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Првиот работен ден, налик на последниот неработен!

МЕТЕО: Првиот работен ден, налик на последниот неработен!

Денов ни носи слично време на вчерашното, со повеќе услови за за слаба магла и ниска облачност низ котлините наутро. Претпладне ќе се расчисти оваа слаба магла, но сепак котлините во поголем дел од денот ќе имаат привид на ниска облачност. Поведро ќе биде на планинските и повисоките места.

Се очекува и сосема слабо наоблачување во текот на денот.

Утрово е постудено, а минималната темепратра во нејголем дел од котлините има вредност околу -3°С, додека на повисоките места околу -6°С.

Максималната температура ќе достигне вредности околу 10°С низ котлините и околу 12°С во југоисточниот крај.

Во Скопје, утрово слаба магла, а сончево со мала облачност не` очекува попладне.
Ни претстојат минимални -6°С, и максимални 10°С.

Уживајте во денот со „Позитив“