Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Продолжува претежно облачното време, донесуваме и викенд прогноза!

МЕТЕО: Продолжува претежно облачното време, донесуваме и викенд прогноза!

Во Македонија денеска не очекува претежно облачно време во најголем дел од денот. Доцна попладне ќе настапи постепено разведрување. Слаб до умерен, претежно северен ветер ќе дува во текот на денот.

Претпладне во западните делови се уште ќе има услови за провејување на снег. Попладне облачноста ќе се намали.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје претпладне имаме променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне очекуваме сончеви периоди.
Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до пет степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и малку потопло. Утре дневните температури ќе се движат од шест до 12, а во недела од пет до 14 степени.
Во недела по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.