HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Претежно сончево, но не и премногу топло

Метео: Претежно сончево, но не и премногу топло

Временските прилики денеска во Македонија донеса умерена облачност со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 2 до 10 степени Целзиусови, а максималната од 14 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер, со температури од 8 до 23 степени.

Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност и со свежи, на места и студени утра. Дневната температура ќе биде без значителни промени. Од утре облачноста сосема ќе се намали и од среда до крајот на работната недела ќе биде претежно сончево и малку потопло.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com