Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Преку ден потопло, вечерва повторно услов за ново заладување!

МЕТЕО: Преку ден потопло, вечерва повторно услов за ново заладување!

Денешниот празничен ден за верниците од православна вероисповед донесува празнична атмосфера низ домовите, но и промена во временската ситуација над Македонија. Воздужното јужно струење и денеска ќе ни донесе високи денски температури на воздухот, како на минималната, така и на максималната граница. Временските прилики кои се пред нас не се карактеристични за овој месец во годината.

Врнежите ги имаме утрово, особено во северната и западна половина на нашата држава, за потоа преку денот интензитетот да премине во повремен дожд. Претстојната бадникова вечер Ни донесува и нов бран на врнежи, кои ќе бидат со пообилен карактер во северозападниот регион. Заладуавњето кое не очекува во текот на вечерта ќе услови врнежите на повисоките северни населени места од Македонија да преминат во врнежи од снег.

Најниската температура се движи помеѓу 2°С и 5°С степени низ поголемиот дел од котлините. Во текот на денот максималните вредности на живата во термометарот ќе се движат помеѓу 7°С до 9иот степен целзиусов. Појужно, одноно во југоисточниот крај на нашава држава ќе биде потополо, околу 11°С.

Во главниот град имаме облачно време со умерена појава на магла, преку денот се очекува маглата делумно да се расчисти, а да останеме под влијание на облачното време. За потоа, вечерта повторно да имаме појава на густа магла и облачност, но без посериозни услови за обилен дожд. Евентуалните обилни врнежи би биле краткотрајни. Минималната температура на Зајчев Рид изнесува 0 степени, додека на патарината Петровец температурата во 7 часот изнесувала безмалку 1 степен над нулата. Преку денот максимумот кој го очекуваме е околу 7миот степен.

Разведрување на времето очекуваме од петок, а веќе во сабота очекуваме и сончеви периоди низ поголем дел од Републиката, додека температурата ќе остане во границите до 11тиот степен.

Од Метео тимот на порталот „Позитив“ Ви го честитаме денешниот празник, имајте убав почеток на денот со содржините кои ги подготвува информативниот тим на вашиот позитивен сервис за забава.