Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Пред нас е облачно и студено време!

МЕТЕО: Пред нас е облачно и студено време!

Пред нас е облачен ден. Повремени, релативно краткотрајни сончеви периоди се можни локално во централниот и југоисточниот регион од земјава.На планините во западниот предел се очекува повремен, релативно слаб снег.

Во текот на ноќта ќе има извесно намалување на облачноста.Во однос на температурата, сабота ќе биде малку потопла од петок.

Котлините во северниот и западниот крај очекуваат темературен максимум само околу 6°С, а во југоисточниот крај до 10°С.

Скопје очекува облачно време. Утрово ќе има услови за сосема слаб дожд.

Температурата нема да надмине 7°С.