Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Последниот ден од викендот донесува зголемена облачност

МЕТЕО: Последниот ден од викендот донесува зголемена облачност

Денешниот ден ќе биде во голема мера поизразен во однос на облачноста во однос на сабота. Но, и покрај тоа во западниот регион оваа облачност ќе биде најизразена во текот на целиот ден, додека пак во источниот регион можни се повремени сончеви периоди. Можни врнежи со слаб интензитет се очекуваат во крајниот западен дел, но ќе бидат релативно слаби, краткотрајни и забележливи во текот на попладневните часови.

Утрово е за нијанса потопло од вчера, минималната температура се движи помеѓу нула и 3°С низ македонските котлини. За потоа, во текот на денот да биде потопло со температури помеѓу 8°С, во западниот и северен регион и 12°С во јужниот и југоисточен предел.

Во главниот град не очекува претежно облачен ден, со кратки сончеви периоди. Температурата на воздухов утринава е околу нулата, додека во зависност од мерните точки варира од -1 до 1 степен целзиусов. Скопје најтоплиот пик во денот ќе го одбележи со 7°С целзиусови.

Тимот на „Метео“ ви посакува пријатен последен ден од викендот, многу одмор и уживање со содржините кои и денеска ќе ги подготвува информативниот и забавен тим на „Позитив“ за Вас.
Уживајте во денот!