Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Последниот ден од 2015та!

МЕТЕО: Последниот ден од 2015та!

Во овој последен Четврток за 2015та, воедно и последен ден од актуелната година во текот на утринските часови не` очекува претежно ведро во северната половина од земјата, и умерена облачност во јужниот регион. Претежно ведро ќе биде во текот на денот. Ветерот ќе биде слаб, претежно северен.

Утрово е студено, со минимална температура низ котлините во границите од -4°С до -6°С.

Денвните максимуми на температурата ќе бидат ниски. Очекуваме максимална само околу 2°С во котлините во западниот и северниот дел од земјата, а на југоисток околу 5°С. Повисоките места остануваат под 0°С.

Скопје очекува студено и ведро време. Минималната температура ќе има вредност околу -5°С, а максималната околу 2°С.

Во текот на новогодишната ноќ подобро е да ја поминете во добро друштво некаде на топло или пак да бидете навистина добро облечени.
Во ноќта кон 1ви јануари 2016, се очекува разведрување од делумната облачност која се очекува дента на 31 декември. Заладувањето од среда ќе биде во полн замав, така што температурата ќе биде насекаде под 0°С во текот на новогодишната ноќ.

Очекуваните вредности на темпратурата низ поголемите населени места од полноќ, па се до раните утрински часови во петок се во границите од -5°С до -10°С.

Редакцијата на МЕТЕО која секој ден точно во 8 часот беше со вас низ најголемиот студ и најголемата топлина во изминатава година, Ви посакува метеоролошки стабилна и СРЕЌНА НОВА 2016!