Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Последен понеделник годинава, што донесува?

МЕТЕО: Последен понеделник годинава, што донесува?

Последниот понеделник од оваа година нема да биде значително различен од вчерашниот ден, во метеоролошка смисла. Утрово имаме слаба магла низ котлините долж повардарието се до Демир Капија, а сончево е низ останатите места.
Околу пладне се очекува да биде ведро низ целата земја. Ветерот ќе биде сосема слаб.
Утрово е умерено студено, со минимална температура низ котлините во границите од 0°С до -4°С

Преку ден ќе биде релативно топло, па кoтлините ќе очекуваат максимална температура со вредност околу 11°С, на повисоките места се очекуваат околу 13°С, додека во гевгелиско-дојранскиот крај температурата ќе достигне околу 16°С.

Во Скопје имаме појава на умерена магла утрово, а претпладне се очекува разведрување. Околу пладне и попладне ќе биде ведро. Минималната температура која ја имаме е со вредност околу -3°С, додека максималната околу 11°С.